Сестрата на бившиот сопруг на Карлеуша откри детали од нејзиниот прв брак: „Таа не се омажи со брат ми поради пари“

Jелена Карлеуша и Душко Тошиќ често се на мета на медиумите, па речиси секојдневно се пишува за нивниот однос и развод.
Пред бракот со Душко, Јелена Карлеуша беше во брак со Бојан Кариќ, кој траеше само неколку месеци.
И додека беше во брак со Бојан, се пишуваа секакви написи за пејачката. А сега 17 години подоцна, сестрата на Кариќ застана во одбрана на Карлеуша.


-Секако дека таа не се омажи со него заради пари, туку се сакаа. Има девојки кои сакаат да влезат во нашето семејство поради пари, но Јелена не е од тие. Со неа убаво се согласував, ми беше една од омилинете снаи. Карлеуша приватно е многу пристојна и фина личност, секогаш ми покажа почит, не можам да кажам ништо лошо за неа. За неа имав убаво мислење и истото го имам и понатаму, изјави Даниела за „Информер“.
Сестрата на Бојан Кариќ истакна дека ги разбира што секој тргнал по свој пат бидејќи и таа имала еден неуспешен брак.
-Многу луѓе се разведуваат, не гледам ништо чудно. Очигледно не биле еден за друг бидејќи среќата ја пронајдоа во нови бракови. Драго ми е што и двајцата најдоа нов пат и љубов. Па и јас бев во брак, па се разведов. Се тоа е за луѓе, вели сестрата на Бојан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.