Пејачот Спасен Сиљаноски повторно го критикува ВМРО-ДПМНЕ за настанот по повод 35-годишнината од формирањето на партијата.
– Помеѓу другите гости на роденденот од ВМРО имаше дузина и од оние кои гласаа за промена на светото име Македонија( дали компромитирани, потплатени или идеолошки не знам, ама гласаа за промена на името). Еве како на пример мојот “драг” сограѓанин од првата слика, а ги имаше многу такви. Е сега не знам дали јас сум кусоглед, заостанат во моите размислувања или не знам како негативно да се самонаречам, ама јас не можам да разберам “Предавник” да седи во прв ред на роденден од партија која што го нарекла предавник и со која што се “пичкарале” со години поради извршеното предавство. Тоа му доаѓа нешто како Хитлер да биде почесен гостин на годишнина од ослободувањето на аушвиц. Ако грешам ве молам поправете ме, јас не се разбирам од политика само се водам по чувства и логика.Прифаќам секаква поправка и сугестија. – напиша Сиљаноски на Фејсбук.
