Скандал во Велес: Прептријатието за кое е набавено „тракторчето“ нема регистрирано дејност за бележење на патишта – илјадници евра се дадени бадијала

Со сериозни проблеми се соочува градоначалникот на општина Велес, Марко Колев откако Инфомакс објави дека општинат набавила механизација за бележење на хоризонтална сигнализација по цена неколку кратно поголема од онаа по која што истата се продава.

Општината Велес ја набавила машината за 2.596.000 денари или приближно 42 илјади евра иако истите машини можат да се најдат по цена од 2 до 3 илјади евра на интернет, што значи дека истото е платено 10 кратно повеќе. Соогласно документацијата машината ја набавува општината, а потоа истата ја дава на користење на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес.

Но проблемите за градоначалникот Марко Колев не завршуваат тука затоа што претпријатието Дервен воопшто нема регистрирано дејност за бележење на патишта, а илјадници евра се дадени бадијала. Потписник на одлуката е претседателот на Советот на општина Велес е Зоран Љутков.

Во Централниот регистар ЈКП Дервен нема регистрирано дејност сообраќаен инжењеринг што значи дека легално Дервен не може да се бави со цртање на хоризонтална сигнализација.

Ваквата новонастаната ситуација, но и фактот што МВР и обвинителството веќе постапуваат по допрен глас по однос на набавката на ваквата механизација, предизвикала вистинска паника кај Колев и неговиот кабинет.

Да се потсетиме дека ваква механизација набавиле и други општини со кои раководат градоначалниците на Мицкоски. Машина за бележење на хоризонтална сигнализација во Општина Битола е набавена за рекордни 2 милиони и 950 илјади денари односно повеќе од 50 илјади евра, покажуваат податоците од јавните набавки.

Јавно претпријатие од Битола набавило „тракторче“ за 2.950.000 денари од фирмата „ФИРСТ-ИНГ“ ДОО увоз-извоз Скопје. Исто такво чини драстично помалку на онлајн сајтови од каде може да се набави иста ваква, или слична механизација. Симптоматична е цената на „тракторчето“, особено доколку се погледне набавката на слична или иста ваква механизација. Останатите општини, иако набавиле ваква механизација за високи суми, тие повторно се драстично помали од набавката која ја направило претпријатието од Битола и Општина Велес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.