СЛАВЕШЕ РАЃАЊЕ НА СИН КОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗНАЕ Трагичен пресврт на судбината му го одзеде животот на младиот татко од Кочани: Отишол да ја прослави најубавата вест, но почина во најтешката агонија

Младиот Тоше Богданов работел во автомеханичар и живеел со сопругата која се породила ноќта пред трагедијата.

-Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во дискотека, а сега го нема“, изјави извор запознаен со случајот.

Панчо префрлен во Систина на интезивна нега

Во пожар што избувна во дискотека загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Истрагата покажа дека објектот бил со големина од околу 400 метри квадратни и имал само два противпожарни апарати, изјави Љупчо Коцевски, јавен обвинител на Северна Македонија.

Колегите се простуваат од Андреј: „Голем човек и големо срце“

– Местото е обезбедено, истрагата ќе продолжи утре изутрина и ќе бидат вклучени истражители од Скопје. Засега имам информации дека со осомничените се разговара. Досега на десет лица им е одреден притвор, а дваесет се на распит – објасни јавниот обвинител.

Како што истакна, дискотеката имала две врати, но само една била отворена, додека другите биле со катанец.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.