Советник од Левица: Дали Мицкоски забранил исплаќање на 13 плата?

– Откако платите на функционерите беа зголемени за 78%, вработените очекуваа паралелен напредок во нивните приходи, особено оние од Јавните претпријатија кои работат на позиции како изнесување смет и градежни активности во комуналната инфраструктура! – вели советник на политичката партија Левица, од каде на социјалните мрежи објавија видео од говорот.

– Под притисокот на артикулираните социјални политики во Советот на Општина Кавадарци и преку борбата на вработените во јавните претпријатија и Општината, беа потпишани колективни договори кои ги застапуваат нивните потреби, а истите предвидуваат исплата на 13-та плата во висина на просечната секоја година.

Oткако ДПМНЕ доби апсолутна моќ во државата, во Кавадарци каде имаат одлучувачко мнозинство, протекоа неофицијални информации дека вработените нема да ја добијат договорената 13-та плата за 2024 година.

Советникот од редовите на #Левица, Круме Богевски, го праша градоначалникот Митко Јанчев: „Дали премиерот Христијан Мицкоски забранил исплата на 13-та плата во Кавадарци, за да спречи инерција во другите Општини”?

Градоначалникот Јанчев се обидуваше само да го избегне прашањето.

Правниот и Трудовиот сектор на Левица ќе ги следат активностите на Општина #Кавадарци во наредниот период. Доколку Колективните договори не бидат испочитувани, ќе бидат поднесени соодветни претставки до надлежните институции. – стои во објавата на Левица.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: