Брза, лесна и едноставна торта
СОСТОЈКИ:
1 пакување турски бисквити од 300 гр
200 гр чоколадо
6 лажици масло
8 лажици млеко
2 кесички пудинг од ванила што не се вари
500 мл млеко
200 гр кисела павлака
200 мл слатка павлака
Декорација по ваш избор
ПОДГОТОВКА:
Чоколадото со маслото и млекото растопете го на пареа или во микробранова печка. Млекото е задолжително, доколку има поголем процент на какао во чоколадото слободно додадете уште 2 лажици млеко бидејќи кога колачот ќе се стврдне чоколадото мора да остане меко за да може лесно да се исече колачот.
Чоколадото го оставаме да се излади додека ги матиме останатите состојки.
Пудингот изматете го со млекото, додадете ја павлаката, па изматете и на крај додадете ја слатката павлака и сето тоа убаво измешајте со миксер.
Бисквитите поделете ги на 3 дела и првиот дел ставете го во плех со димензии 30 x 20 cm или во калап.
Не треба да се потопуваат во млеко бидејќи се тенки и ќе црпат влага од филовите.
Врз бисквитите ставете четвртина од филот за пудинг, израмнете, па ставете половина мерка чоколадо, па изедначете.
Ставете го во фрижидер или кратко во замрзнувач за да се стегне чоколадото.
На чоколадото повторно ставете четвртина од филот. Бисквит, фил, чоколадо, фил, бисквит.
Декорација по ваш избор.
Добро изладете и послужете.
Пријатно!