Сорос: Во Давос сите мислат дека Трамп победува, но грешат

Претседателот на Фондацијата за отворено општество, Александар Сорос денеска изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп „веќе стана претседател на Светскиот економски форум во Давос“ (СЕФ) и оцени дека тоа е добро бидејќи, како што рече, мислењето кое преовладува во Давос никогаш не се остварува.

„Доналд Трамп е сопственик на Републиканската партија. Ние сме во она што сакам да го наречам циклус на Трамп, затоа што мислам дека дури и ако, и верувам, институциите издржат, „кога“ ќе ги загуби овие избори, тој исто така ќе биде републикански кандидат во 2028 година, и можеби дури и 2032 година“, рече Сорос за време на своето обраќање на панел дискусијата во СЕФ на тема претседателските избори во САД, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој оцени дека Трамп нема „едноставно да се пензионира“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.