ТАРАВАРИ: Договорени поголем дел од работите за влез на АА во Владата

Преговорите за влез Алијансата за Албанците (АА) во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до утре, изјави денеска лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

ТАРАВАРИ: Договорени поголем дел од работите за влез на АА во Владата

Во однос на преговорите, претседателот на АА појасни дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“.

– Се надевам дека денеска или утре конечно ќе ги завршиме прегорите за евентуалниот влез во Владата и тоа официјално ќе го објавиме, рече Таравари

Околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, лидерот на Алијансата за Албанците напомена дека за тоа сè уште разговара, па затоа, како што нагласи, не би било коректно да зборува околу тоа во овој момент.

За ова прашање, според него, се уште се водат меѓупартиски консултации на владините коалициски партнери.

– Сè ќе биде појасно до утре, но ќе почекаме на консултациите кои се во тек помеѓу работните групи на партиите од владиното мнозинство, подвлече Таравари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.