Трагедија кај Ботун: Две лица загинаа откако нивното возило излета во река

Две лице го загубија животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Охрид- Кичево, во близина на селото Ботун.

До несреќата дошло при превртување на возило што се движело од насока од Кичево кон Охрид, на девијацијата на патот во изградба, пред селото Ботун.

На тоа место моментално се работи на изградбата на новиот автопат, а сообраќајот се одвива со девијации односно со пренасочување на возилата од една на друга автопатска лента.

Инаку, моментално во охридскиот регион врне дожд што дополнително го отежнува одвивањето на сообраќајот и придонесува за лизгавост на коловозот.

Потрпаролот на СВР – Охрид ја потврди информацијата и најави повеќе детали за несреќата во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи: