Трамп за рускиот напад врз Суми: Ми кажаа дека направиле грешка

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на рускиот напад врз градот Суми во североисточна Украина во кој загинаа 34 лица, а 117 се повредени. Рече дека нападот е страшен, но дека бил извршен по грешка.

„Мислам дека беше страшно. Ми кажаа дека направиле грешка, но мислам дека тоа е ужасна работа. Мислам дека целата војна е ужасна работа, започнувањето на војната е злоупотреба на моќта“, рече Трамп одговарајќи на прашањето за рускиот напад.

Додаде дека војната против Украина немало да се случи ако тој бил претседател.

„Ова е војна на Бајден. Ова не е моја војна, јас сум тука многу краток временски период“, додаде американскиот претседател.

Порача дека сака да стави крај на војната и дека се обидува да ја стопира со цел да се спасат многу животи.

Во рускиот ракетен напад врз североисточниот украински град Суми во саботата загинаа најамалку 34 лица, а 117 се повредени. Европските лидери го осудија нападот, опишувајќи го како ужасен.

Пронајдете не на следниве мрежи: