Првите три пациенти од Клинички центар кои се тешко повредени по пожарот во дискотеката во Кочани, тргнаа со возила опремени за интензивна нега за болницата Папаниколау, Солун.
Наредните 1-2 сати ќе има Авио транспорт за Софија, транспорт за Србија за останатите пациенти.
Инаку во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани загина 59 лица, а повредени се над 100 лица.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.