Уапсените Срби во Косово одат во притвор

На петмината уапсени Срби од Пасјан кои се обвинети за сторено кривично дело „Воени злосторства против цивилното население“ им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
„Тие се обвинети дека наводно сториле кривично дело на 5 април 1999 година, без да се прецизира кој што сторил и против кого. Одбраната се согласува дека апсолутно нема индивидуализирање на делото ниту од страна на осомничените, ниту од страна на оштетените“, се наведува во известувањето на одбраната на уапсените.

Како што се додава, одбраната ќе поднесе жалба на решението за притвор.

„Сите пет Срби живеат во Косово, никогаш не биле во бегство и за прв пат против нив е покрената постапка 25 години по наводното злосторство. Одбраната ќе поднесе жалба на одлуката за притвор“, посочија адвокатите.

Пронајдете не на следниве мрежи: