Уапсени пет лица за поседување на бела прашкаста материја и марихуана

Денеска (29.09.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода К.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Исто така во 01.20 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Денес во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 28.09.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.А.(43) од с.Радишани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Истиот ден во 21 часот во Скопје, на место викано „Три Круши“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: