Белградската полиција уапси петмина либиски насилници кои синоќа во Вождовац во фризискиот салон го нападнале и претепале сопственикот и неговиот брат.
Според првичните информации, во Ургентниот центар се примени фризерот Драган Ѓ.(26) и Ѓорѓе Ѓ. (29) со повреди на телото.
Неофицијално, до конфликт дошло по расправија за линијата за потстрижување.
Лути на фризерот и на неговиот брат, во локалот влегле петмина либиски државјани. Најверојатно со раце и нозе ги претепале браќата, па влегле во „БМВ“ и побегнале.
Полицијата во Вождовац ги пронашла и ги привела.
На петмината насилници по наредба на Второто основно јавно обвинителство им е одреден полициски притвор до 48 часа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.