УКРАИНА ВО ПОДГОТОВКА НА АБРАМСИТЕ ЗА ПРВАТА ЛИНИЈА НА ФРОНТ: Ново видео од американскиот тенк, можете да ја видите внатрешноста, но и ГОЛЕМА ПРОМЕНА

Американскиот тенк Абрамс повторно е виден во Украина!

Екипажот, како и внатрешноста на оклопното возило може да се види на краткото видео.

Во нива пронајдена минофрлачка граната од Втората светска војна
На 26.09.2024 во Полициска станица Свети Николе, О.С. од Свети Николе пријавил дека околу 16.30 часот, додека со трактор ја орал нивата во …
Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културни врски
Денеска во Охрид остварив билатерална средба со унгарскиот колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена …

Засега не е познато каде е снимено видеото, меѓутоа, јасно е дека Киев се уште ги држи американските оклопни возила подалеку од линијата на фронтот. Воените блогери, исто така, забележаа дека тенкот на видеото е обложен со противоклопна заштита на неговите страни, што треба да ги подобри неговите одбранбени способности во случај на напад од руски беспилотни летала.

Американскиот магазин Форбс, да потсетиме, неодамна оцени дека Абрамс е лесна мета на руските беспилотни летала.

– Нејасно е што прави Украина со својот 31 Абрамс – соопшти Форбс.

Списанието отсуството од бојното поле го објаснува со фактот дека тенковите М1 Абрамс се ранливи на беспилотни летала одозгора и од страните каде што го имаат најтенкиот оклоп.

  • Беспилотните летала, дури и со стари противтенковски полнења, можат да навлезат во областа, убивајќи или повредувајќи член на екипажот. Тие исто така можат да оштетат различни електронски компоненти во внатрешноста на куполата или да ја запалат и да ја принудат екипажот да се евакуира – соопшти Форбс.

Беше забележано дека страничната заштита на тенкот е застарена и беше покриена со застарени „странични здолништа“ од композитен оклоп.

– Неопходно е да се зајакне оклопот на Абрамс со дополнителна заштита од беспилотни летала и дури потоа да се префрлат тенковите на бојното поле – соопшти Форбс.

Абрамс пристигна во Украина во текот на септември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.