Умерен, сексапилен, моќен – стајлинг на Анџелина Џоли во кој секоја жена изгледа и се чувствува како дама

Доколку Анџелина Џоли влезе во политиката, ќе имаме интересни модни вести секој ден.
Холивудската актерка Анџелина Џоли, е позната по својот општествен активизам, а токму тој сега ѝ овозможил за важна тема да зборува во американски Капитол.


Ваквата можност бара посебен стил, а таа повторно била на висина на задачата.
Анџелина Џоли (46), од почетокот на кариерата се занимава со општествени теми и отворено ги искажува своите политички ставови, а најмногу ја интересира борбата против насилство над жените.
Славната актерка и режисерка токму по тој повод пред неколку дена била гостинка во Капитол, каде зборувала во прилог на новата верзија на Законот за насилство над жените.
„Во овој момент најважно ми е да им дадам признание на децата кои токму сега се преплашени и патат, како и на многу луѓе за кои овој закон е донесен предоцна. Жените кои поминале низ овој систем со малку или без никаква поддршка и натаму ја носат болката во себе поради злоупотребата која ја доживеале. Младите луѓе кои преживеале злоупотреба сега се посилни, но не поради системот на заштита на деца, туку поради самите нив“, изјавила Џоли во својот говор.
Анџелина во Вашингтон пристигнала со својата ќерка Захара Џоли Пит (17), а и двете како и вообичаено, биле совршено стилизирани.


Овојпат актерката избрала да носи класичен деловен стил, а нејзината модна комбинација дала моќен впечаток кај вљубениците во модата.
Таа се определила за комплет составен од предимензиониран блејзер и комфорна варијанта на здолниште.


Оваа модна комбинација дава впечаток на рамна силуета, но кај Анџелина била нагласена половината со помош на тенок кожен ремен со златни копчиња.
Под сакото таа носела едноставна блуза, а носела и црна чанта и елегантни кожни салонки на потпетица.
Станува збор за уште еден монохроматски стил на Анџелина во кој исклучок прават само белите бисери – класичен и софистициран детаљ кој секогаш е во мода.
Веќе неколку години таа преферира неутрални и еднобојни модни комбинации, главно во рамките на деловниот стил, а во тоа ѝ помага модниот дизајнер Џејсон Болден кој нашол едноставен начин актерката својот вроден сексапил да го истакне на умерен начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.