Филип Петровски: ШТО КАЖАВ ВО 1997 ГОДИНА

Второ, неотповиклива оставка на министерот за образование проф.д-р Софија Тодорова, поради дозволување на неуставен закон во нејзиниот ресор, неморал и нехуманост, бидејќи имаме штрајк со глад веќе 11 дена, министерот не најде за сходно да ги посети тие луѓе, без разлика дали се согласува или не се согласува со нивните барања и ние морам да ви кажам во шега се договоривме да набавиме министерска фотеља, за да го задржиме министерското ниво и ја очекуваме министерката да дојде да не посети да види каква е нашата здравствена состојба. Нагласувам уште еднаш, без разлика дали се согласуваме или не во барањето.

Трето, наше барање е донесување на Закон за Високо оразование со право и студентите да учествуваат во јавната расправа и

Четврто, судентите не преку Сојузот на студентите и Диме Велковски, туку студетите кои што размислуваат.

Тито Петковски:
Г-дине Петровски , немојте да ги навредувате своите колеги, ве молам.

Филип Петровски:
Во ред, јас стојам позади моите зборови. Петто, укинување на квотите на националностите за Високо образование, како услов за создавање на еднакви услови за упис на факултетите за сите кандидати независно од нивното етничко потекло. Ние знаеме дека Република Македонија не е Франција, а верувам знаете какви критериуми имаат за образование во Франција да се зборува за меѓуетнички односи. Ние Македонија ја знаеме и ја сакаме како Европска држава, а во Европска перспектива, терминолошкиот расчекор помеѓу Владата и Собранието може да се надмине со трет наслов оваа седница. Например, политиката на Државата кон малцинствата. Во таа преспектива Вие би требало да ги разгледате правата на припадниците на малцинствата, врз основа на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства која што, знаеме ова Собрание на усвои девето по ред во Европа, а се чини не ја почитува и посебно го нагласувам членот 12 став 3 во таа рамковна конвенција и членот 13 став 1 и 2 кои според нас ја појаснуваат позитивната дискриминација, како што популарно е наречена.

Ние, тоа не го бараме не сакаме да се ставаме во релации кои што не се наш избор. Ние протестираме против нарушување, уште еднаш нагласуваме, на Уставниот поредок во областа на образобанието и од Вас бараме да донесете системски Закон за Високо образование со еднакви права за упис на факултетите. Проширување на темата на меѓунационалните односи, според Владата, односно во меѓуетничките односи, според Собранието, ја потврдува нашата теза дека во образованието се манипулира со вонобразовни цели, за мир во куќата на коалицијата на власт, за маскирање на вистинските проблеми во транзицијата, меѓу кои можеме да го спомнеме грабежот во Штедилницата ТАТ. Пред некој ден од тројката на Европа претставена преку Грција, Англија и Франција, за чија што улога во нашата национална трагедија за која што нема да зборуваме сега, беше испорачана, би рекле нарачана декларација со поддршка на владината меѓуетничка политика исто како трите претставници на Европа да не знаат како кај нив се регулираат односите за националните малцинства. Меѓутоа, сето тоа за нас младите кој веруваме во демократија и хуманизам, не го прифаќаме овој цинизам кој е многу неподнослив, а Владата го прифати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.