Филип Петровски: ШТО КАЖАВ ВО 1997 ГОДИНА

Покрај тоа што на седницата се поканети претседателите на партиите на вонпарламентарната опозиција, поканети сме и ние.
Мораме да кажеме дека ние не знаеме колку е тоа деловнички исправно, бидејќи ни Вие немате деловник за работа, како што ние немаме Закон за Високо образование. Но, независно од тоа статистички и статусно сведени на декор, смислата на поканата ја гледаме во функцијата на демагогијата наречена решавање на проблемите низ институциите на системот, кои што гледаме како функционираат досега. Таа улога ние не сакаме да ја играме, ние имаме конкретни барања, веќе ви ги прочитав, вие не ни одговарате, сето ова ни личи на соцреалистичка сеанса. Инаку само за ваша информација, која сигурно ја знаете, но не знаеме зошто ја премолчувате, на вашиот интернет, за кој што ние немаме пари за користење, Тетовскиот Универзитет има дистрибуирано над 11.500 документи, еден од нив имаме за Вас, ќе ви прочитам извадоци да видиме што кажува тој.

Доколку се согласите нема да читам на Англиски, ќе преведувам директно. “Албанците во Македонија се автохтона популација, како што се мнозинска популација во нивните етнички региони”. Пазете ова е дистрибуирано од таканаречениот универзитет во Тетово, а ние имаме информации дека Сорбона и неколку американски универзитети се користат со овие информации. Ќе го поткрепам тоа понатаму уште малку. “Албанците во Македонија немаат друг избор, туку да бараат легализација на овој универзитет, без разлика на ставот на Владата”. Понатаму се вели, без разлика каков ќе биде позитивен или негативен. “Колку побрзо оваа реалност е разберена, толку подобро за сите жители на Македонија”. Потписници се сите албански субјекти. Натаму, Тетовскиот Универзитет во курсот на Академската година ќе има 1.300 студенти, а не 150 како што тврдеше некој, од кои половина се девојки, 150 професори кои што се сите жители на Македонија. Јас се сомневам во тоа. Тоа се вели во овој документ кој што е дистибуиран на интернет, кој што ни го донесоа некои студенти.

Незаборавајќи се она што се случува надвор ќе морам уште еднаш да се обратам во Министерството за внатрешни работи, кое што прилично некоректно постапи спрема нас. Незнам дали е тука Министерот? Нема да објаснувам што се се случи, веројатно добро знаете, меѓутоа, ќе го замолам Министерот да ги контролира малку подобро службите, некои служби кои се чини се излезени надвор од контрола на Министерстово за внатрешни работи и кои што вршат психичка тортура врз сите нас. Ако е и тоа дел од играта, ако мора да се изврши врз нас таков притисок, ние го прифаќаме, меѓутоа би го замолиле министерот, ако е тој што ги котролира, или ако е некој друг, барем девојките да не бидат малтретирани од службите за државна безбедност, да не им се закануваат дека ќе завршат во корпа за ѓубре и нивното тело ќе биде најдено во Вардар. Ова може да ви биде смешно, можете да се оградите сите од ова, нема проблем, меѓутоа треба да ја проверите оваа информација и да видите како функционираат тие служби.

И за крај, уште еднаш би рекол, народот нема пари за интернет, тој ни лепеше пораки на Шаторот. Би сакал дел од нив да ги прочитам, без разлика што ќе се насмеете. “Ви благодарам што го откривте срамот што ние возрасните го носиме во себе”- некој чичко е потпишан. “Ми дадовте сонце” -Душанка. “Вие ја држите најголемата лекција за нас”, “Нека изчезне засекогаш срамот од клетото едноумие”, “Ја разбудивте Македонија”…

Со оглед на тоа што досега не најдовте време да расправате за нашите барања и со оглед на тоа што поминаа 25 дена од протестите, 11 дена од Штрајкот со глад, ние бараме, г-динот Министер да си даде оставка, а и целата Влада, а сите што не подржуваат повторно да ги продолжиме потестите. Уште еднаш нагласувам ние местото си го гледаме кај нашите колеги надвор и да знаете и тоа е институција на системот.

Ви благодариме уште еднаш што моравте да не сослушате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.