Фон дер Лајен: Бугарија и Романија целосно припаѓаат на Шенген

„Бугарија и Романија целосно припаѓаат на Шенген“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“.

„Остранувањето на контролите на копнените граници е последната пречка. Ги поздравувам позитивните резултати од неформалните дискусии во Будимпешта. Следната фаза е официјална одлука“, напиша Фон дер Лајен.

Денеска во Будимпешта се сретнаа министрите за надворешни работи на Романија, Австрија и Унгарија, и еврокомесарот за внатрешни работи, средба која беше иницирана од унгарското претседателство со ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: