Во текот на зимата паѓа толку многу снег што секојдневното лопатирање е неизбежна појава кај нејзините 300.000 жители. Снежните наноси можат да бидат толку високи што го блокираат излезот на луѓето од нивните куќи.
Аомори во Јапонија се смета за место со најмногу снежни врнежи во светот . Според некои статистики, просечно 7,9 метри снег паѓа секоја година во главниот град на префектурата Аомори на најголемиот јапонски остров Хоншу.
- Сиљановска се сретна со БајденПретседателката Гордана Сиљановска Давкова, за време на официјалниот престој во САД во… Read more: Сиљановска се сретна со Бајден
- Оваа жена е мајка на најубавото момче на светот: Никој не остана рамнодушен на неговите очи, роден е да биде светска ѕвезда, но живее во најголема бедаНа TikTok се појави видео од семејство од Пакистан на кое се… Read more: Оваа жена е мајка на најубавото момче на светот: Никој не остана рамнодушен на неговите очи, роден е да биде светска ѕвезда, но живее во најголема беда
- Вучевиќ за воведувањето на воениот рок: 14 изгубени генерацииПремиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска оцени дека одлуката за враќање на… Read more: Вучевиќ за воведувањето на воениот рок: 14 изгубени генерации
- Поранешниот шеф на БИА откри детали од разговорот со шефот на ЦИАСрпскиот вицепремиер Александар Вулин денеска реагираше на говорот на пратеничката во Народното… Read more: Поранешниот шеф на БИА откри детали од разговорот со шефот на ЦИА
- Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУВласта ја оствари својата цел, а тоа е Македонија да ја оддалечи… Read more: Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ
Поголемиот дел од градот и околните градови се покриени со густа снежна покривка од ноември до април секоја година. Тротоарите се попречени од високи ѕидови од снег и мраз кои се повисоки кога минуваат плугови за да го расчистат патот.
Ледени ветрови
Обилниот снег е резултат на уникатната географска локација на Аомори помеѓу планините Хакода и бреговите на заливот Муцу . До него стигнуваат ледените сибирски ветрови кои се судираат во таа област и предизвикуваат брзо формирање на облаци. Поради ниските температури во градот – наместо дожд, врне снег.
Во текот на зимата паѓа толку многу снег што секојдневното лопатирање е неизбежна појава кај 300.000 жители на Аомори. Снежните наноси можат да бидат толку високи што го блокираат излезот на луѓето од нивните куќи. Најмногу снег паѓа во последната недела од декември . Потоа во просек паѓа снег шест од седум дена со 47 сантиметри снег.
Туристите го сакаат
И покрај постојаните снежни бури, Аомори не ги затвора вратите за патниците. Многумина доаѓаат овде во зима за да уживаат во скијање и други снежни радости, но и да уживаат во локални специјалитети – главно јадења базирани на свежа риба и морски плодови.Не е тешко да се стигне до Аомори дури и кога паѓа снег – со авион или воз. Од Токио за три часа сте во Аомори со јапонскиот супер воз.
Пронајдете не на следниве мрежи: