ХАМАС ЈА ​​ОСЛОБОДИ МИА (21): Таа беше првиот ЗАЛОЖНИК што го снимија и покажаа, во рани и завои како моли за милост (ВИДЕО)

Израелските заложници Миа Шем (21) и Амит Сузана (40) се ослободени денеска, потврди израелската армија.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека Хамас прво ги предал жените на Црвениот крст, а потоа израелските сили се грижеле за нив.

Партијата на Шолц СПД уверува: Неговата кандидатура за нов мандат не е под знак прашање
Раководството на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), партијата на канцеларот Олаф Шолц, денеска негираше дека е во доведена во прашање неговата кандидатура за нов мандат на чело на владата, по тесната победа над крајно десничарската партија на регионалните избори. На …
Само вчера два напади во Градски парк
Нови случаи на нападнати лица во Градскиот парк во Скопје. Ноќва во 02.00 часот во СВР Скопје, М.Р.(18) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од неколку лица, откако претходно му побарале …

Во моментов тие се префрлаат на израелска територија. Се очекува да бидат донесени во базата Хацерим во јужен Израел.

Таткото на Миа е пресреќен што неговата ќерка се враќа дома. Инаку, дотичната девојка има француско-израелско државјанство.

Се очекува во наредните часови да бидат ослободени уште неколку заложници.

Да потсетиме, Миа, која денеска беше ослободена, беше првиот заложник што Хамас го сними, а потоа го објави тоа видео.

  • Јас се викам Миа, имам дваесет и една година, јас сум од Шохам. Моментално сум во Газа. Се вратив во саботата рано наутро од забава во Сдерот. Тешко сум повреден, имам рана на раката. Ме донесоа во Газа и ме однесоа во болница овде. Се грижеа за мене, ми дадоа лекови. Само ве молам да ме донесете дома што е можно поскоро кај моето семејство, повторно да се видам со моите родители, моите браќа и сестри. Ве молам извлечете ме одовде што е можно поскоро – вели таа во видеото.

По таа шокантна снимка се огласија и нејзините браќа и мајка, кои објаснија како е да се види Миа по неколкудневен терор.

-Гледам дека поминала низ секакви работи, гледам дека има болки, повредена е. Изгледа исплашено, но жива е! – изјави мајката Карен Шем во интервју за „CNN“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.