Цеца и Богдан раскинаа по едногодишната врска: Ова беше ПРВ ЗНАК дека повеќе не се заљубени

Една работа ги издаде
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ по една година раскина со Богдан Срејовиќ, а таа вест шокираше многумина.
Сепак, во последните денови вниманието на многумина го привлече една работа, која беше навестување за крајот на нивната врска.
Имено, Цеца до неодамна престојуваше на Малдивите со пријателите, додека Богдан беше на Златибор.
Раскинаа Цеца и Богдан, двајцата потврдија дека не се веќе заедно – Reporter.mk
И двајцата на социјалните мрежи објавија фотографии на кои може да се види како уживаат, а многумина беа изненадени што не заминале на заеднички одмор.
Богдан по враќањето од одмор беше фотографиран на концерт на пејачката Лена Ковачевиќ во друштво на згодна црнка и веднаш привлекоа внимание.
Срејовиќ подоцна објасни дека тоа е неговата пријателка Јелена, а денес тој и Цеца ги известија сите дека повеќе не се во врска, туку дека секогаш ќе бидат пријатели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.