Чоколадни бомбици со бадеми и ореви

Потребни состојки:
150 г мелени ореви
150 г чоколадо
150 г шеќер во прав
130 г путер
50 г сечкани ореви
50 г сечкани бадеми
50 г сечкано чоколадо
2 лажички цеден сок од портокал
Начин на подготовка:
Растопете го чоколадото на пареа, а потоа со миксер изматете путер и додајте шеќер во прав, мелени ореви, сок и промешајте убаво.
Додајте го растопеното чоколадо и повторно измешајте со рака за да се добие соединета смеса. Смесата треба да се излади околу 30 минути, а потоа со лажица земете од смесата и формирајте бомбици.
Распоредете ги бомбиците на три дела, едните извалкајте ги во сечкано чоколадо, другите со сечкани бадеми и третите во сечкани ореви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.