Шарена салата, идеална за зимските денови

Мешана или шарена салата која не е тешко да ја подготвите, а ќе ви дојде како добро освежување во зимските денови.
Важно е да одберете свеж и здрав зеленчук. Салатата се прави без конзерванси.
Потребни состојки:
-2 кг краставици
-2 кг карфиол
-2 кг жолта пиперка
-1 кг црвена пиперка
-1 кг морков
-0,2 л оцет
-10 л вода
-250 г шеќер
-250 г сол
-бибер во зрно
-ловоров лист
Начин на подготовка:
Зеленчукот измијте го добро, па исчистете го. Исчистен и измиен, добро исцедете го, а потоа исечете на тркалца или ленти, може и рендан, по желба. Може и да комбинирате.
Во добро измиени и исушени тегли редете го зеленчукот, не го стискајте. Добро наполнете ги теглите и во секоја додадете ловоров лист и бибер во зрно.
Измешајте ја водата со шеќерот, солта и оцетот и сварете ја. Додека преливот е уште врел, истурете врз зеленчукот во теглите. Полнете ги теглите и затворајте ги. Долевајте постепено вода за да не пукнат теглите. Водата треба да го прекрие зеленчукот.
Теглите добро затворете ги и ставете ги во рерна загреана на 100 степени. По половина час исклучете ја рерната, но не ја отворајте. Оставете теглите целосно да се оладат, не само рерната туку и теглите.
Чувајте ја салатата на студено и темно место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.