Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вечерва соопшти дека решил да ја повлече својата кандидатура за пратеник во Европскиот парламент на изборите во јуни и дека планира да го заврши целиот свој актуелен мандат, кој истекува во ноември.
Нема да бидам кандидат на европските избори, објави Мишел на неговата Фејсбук страница.
- САД не ги исклучуваат територијалните отстапки од Киев за решавање на украинскиот конфликтНа Владимир Зеленски останува да одлучи дали и кога ќе ѝ отстапи… Read more: САД не ги исклучуваат територијалните отстапки од Киев за решавање на украинскиот конфликт
- Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУВласта ја оствари својата цел, а тоа е Северна Македонија да ја… Read more: Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ
- Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практикиОд утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот… Read more: Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практики
- НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН: Загина 9-члено семејство во денешното израелско бомбардирање, во текот на оваа недела се убиени околу 700 луѓеДеветчлено семејство загина денеска во израелско бомбардирање во Либан во близина на… Read more: НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН: Загина 9-члено семејство во денешното израелско бомбардирање, во текот на оваа недела се убиени околу 700 луѓе
- Дневен хороскоп за петок 27 септември! Успехот во животот ја следи Вагата, менувајќи го здравјето на Водолијата!Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас.Еве што може да очекува… Read more: Дневен хороскоп за петок 27 септември! Успехот во животот ја следи Вагата, менувајќи го здравјето на Водолијата!
Tој наведе дека не сака неговата кандидатура за европратеник да го оттргне од неговата мисија, да ги поткопа Советот на ЕУ и европскиот проект или да биде злоупотребена на каков било начин за да се предизвикаат поделби во институцијата со која раководи.
Верувам дека мора неуморно да работиме на европското единство. Личните напади се повеќе се истакнуваат пред фактичките аргументи – верувам дека ова го искривува објективниот демократски дискурс. На лично ниво, тоа ме тера да размислувам за значењето и влијанието на мојата изборна посветеност на која потрошив 30 години од мојот живот, не само за мене, туку и за оние кои ми се блиски, додаде Мишел.
Тој посочува дека одлуката да се кандидира за европратеник, скратувањето на неговиот мандат и „продолжувањето на мандатот на неговиот наследник за неколку месеци“ довело до „екстремни реакции – не во рамките на Европскиот совет, туку надвор од него“.
– Сите мои напори, со цврста решеност, ќе ги посветам на моите сегашни должности, наведе Мишел, додавајќи дека на „крајот од мандатот ќе одвои време да размисли за природата и насоката на идната посветеност“.
Одлуката на Мишел да се повлече од трката за европратеник доаѓа на шест дена пред вонредниот Самит на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, на кој треба да се разговара за механизмот за финансиска поддршка за Украина.
Мишел на почеток на месецов соопшти дека ќе биде носител на листата на белгиското либерално Реформско движење (МР) на изборите за членови на Европарламентот од Белгија. Доколку беше избран за европратеник, Мишел по изборите ќе мораше да се повлече од местото претседател на Советот на ЕУ, што отвораше можност за две опции – неговиот наследник на оваа функција да биде избран уште во јуни или пак со Советот до ноември да раководи унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја ќе претседава со Унијата во втората половина од годинава.
Пронајдете не на следниве мрежи: