ШОКАНТНО: Пожарот во Хром бил подметнат за да се сокрие убиство!

По извршена обдукција на 35-годишниот маж кој вчера беше пронајден во опожарениот стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром, констатирано е дека причина за смртта се убоди со остар предмет.

Од Основното јавно обвинителство велат дека првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело.

Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот – соопшти ОЈО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.