Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е предводник на таканаречената “огнена група” во ДУИ, вечерва во гостување во Дневникот на Сител телевизија, истакна дека има поддршка од албанското население и милитантите во ДУИ.
– Над 90% од луѓето во ДУИ размислуваат како нас, имаме поддршка од структурата долу и милитантите и граѓаните, но и анкетите тоа го потврдуваат дека ние сме гласот на народот. Некои не се приклучиле сега но мислам дека во втора и трета фаза ќе се приклучат според нашиот план. Некои се плашат, на некои егзистенцијата им зависи од тоа, но очекуваме дека во наредните фази, рече Меџити.