Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска се појави на судењето што го побара писателот Е.Џин Керол, кој го обвини за силување.
Деталот кој на сите им падна во очи беа црвените дамки на рацете на поранешниот американски лидер.
- Град Скопје субвенционира замена на азбестни покриви, повикот е објавенГрад Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на… Read more: Град Скопје субвенционира замена на азбестни покриви, повикот е објавен
- Сијарто: Будимпешта сака да ги зајакне економските врски со Москва и покрај санкциите на ЕУУнгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта сака… Read more: Сијарто: Будимпешта сака да ги зајакне економските врски со Москва и покрај санкциите на ЕУ
- Вучиќ на крајот од посетата на Њујорк: Светот не оди во добар правецПретседателот Александар Вучиќ на крајот од посетата на Њујорк вели дека времето… Read more: Вучиќ на крајот од посетата на Њујорк: Светот не оди во добар правец
- Бугарите му рекоа НЕ на Орбан: Не им требале посреднициЕвропскиот договор со Република Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат… Read more: Бугарите му рекоа НЕ на Орбан: Не им требале посредници
- Почина професорот Нестор Огинар, истакнат македонски активист во американската дијаспораНа 77-годишна возраст во САД почина Нестор Огинар, професор по Англиски јазик… Read more: Почина професорот Нестор Огинар, истакнат македонски активист во американската дијаспора
Тој полета за Њујорк доцна во вторникот навечер по кампањата во Њу Хемпшир, пишува nypost.
Фотографите го фатија како излегува од кулата Трамп рано наутро во средата со мистериозни црвени траги на рацете.
Е.Џин Керол ќе сведочи на второто федерално судење за нејзините наводи против Трамп, кој ги негира сите.
Поранешниот претседател ги отфрли сите обвинувања покренати од писателот. Бидејќи првата порота го прогласи Трамп за виновен за сексуално злоставување на Керол во 1990-тите, а потоа и за клевета во 2022 година, новото судење е поврзано само со отштетата што ќе треба да ја плати на писателот за вербалните напади врз неа, направени кога Трамп беше претседател.
Адвокатот на Трамп тврдеше дека Керол никогаш не била попозната и дека таа го обвинува за „некои непријатни твитови од тролови“.
Во меѓувреме, Трамп на социјалните мрежи напиша дека случајот не е ништо повеќе од „измислени лаги и политички трикови“ кои му донеле пари и слава на неговиот обвинител.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.