Србинот Новак Ѓоковиќ и официјално стана единствениот тенисер во историјата на овој спорт кој има победнички процент од најмалку 80-отсто на сите три подлоги, како и на затворено односно на отворено.
- Бислимовски: Директорите на јавните претпријатија да работат по економски, а не по политички принципи
- Ќе блеснат како луди: Еве како да ги исчистите плочките на подот
- Синдикатот на културата утре ќе одлучи дали ќе прогласи штрајк
- Турски млечен десерт кој поубав и од пудинг! Подготовката е едноставна, а вкусот останува во уста цел ден (ВИДЕО)
- Слободното време го поминуваат со книги: Хороскопски знаци кои сакаат да читаат
Со петте победи на мастерсот во Париз, тој ја надмина границата од соништата на средбите играни во затворен простор и стана првиот во опен ерата на тенисот кому му успеало да биде до толку успешен во споменатите пет категории. Ѓоковиќ во француската престолнина пристигна со скор 187-48 на средбите во сали, што е 79,6 отсто успешност, но со победите над Ечевери, Грикспор, Руне, Рубљов и Димитров ја освои титулата и воедно ја надмина границата од 80-отстотна успешност.
Следниот најмал побендички скор на српскиот тенисер е на земјена подлога (80,4-отсто), по што следи голем скок кога се во прашање натпреварите на отворено (84,5-отсто), бетон (84,9-отсто) и трева (85,8-отсто). Четири тенисери имаат победи на најмалку 80-отсто од одиграните средбите во четири од овие пет категории, меѓу кои се Бјорн Борг, кому му недостига успех на бетон, Џими Конорс и Роџер Федерер, кои ја немаат надминато границата на земјена подлога, како и Иван Лендл, кој не беше до толку успешн на средбите на трева.
Ѓоковиќ има и најголем процент на победи во кариерата со 83,7отсто (1.082-211) пред Рафаел Надал (82,9-отсто). Пред него сега е завршниот мастерс-турнир во Торино, каде може да ја освои рекордната седма титула и по осми пат да ја заврши годината на врвот на АТП листата.
Пронајдете не на следниве мрежи: