Ѓорческа издоминира против првата носителка за четвртфинале на турнирот во Куршумлиска Бања

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа одигра одличен меч на турнирот во Куршумилска Бања и ја елиминираше Унгарката Пана Удварди која беше прва носителка.

Унгарската тенисерка е 135. на ВТА листата па поради тоа ја имаше и фаворитската улога, но на теренот доминираше македонската претставничка која се наоѓа на 233. во светот.

Посебно издоминира Ѓорческа во првиот ет кадеш то не и дозволи ниту еден гем на противничката и го доби сетот со 6:0. Во вториот Удварди пружи нешто посилен отпор, но освои само три гема, а Ѓорческа го освои сетот со 6:3 за конечна победа.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе се соочи со Далила Јакуповиќ од Словенија која на турнирот пристигна како 252. на ВТА листата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.