Јадел по 40 чоколади дневно и бил тежок 508 килограми: Болницата во која се лекувал сакала да го кремира во кланица поради тежината, но…

Пол Мејсон од Велика Британија до неодамна бил закитен со нималку ласкава титула – најдебелиот човек на светот. Вработените во болницата во која се лекувал поради неговата прекумерна тежина сакале да го кремираат во кланица.
Во документарецот на телевизијата „ITV“, Мејсон раскажал дека планот на вработените во болницата бил „одвратен“. 61-годишниот Пол во текот на на своето 3-годишно лекување дознал што тие смислиле во случај на негова смрт.

„Доколку умрев, болницата немаше да има начин како да се ослободи од некој со моја големина. Планот бил да ме одведат во кланица каде што ќе ме кремираат со животни. Тоа е одвратно и не можам да верувам дека би направиле нешто такво“, изјавил тој.
Имено, Пол тежел 508 килограми. Тој во документарецот признал дека јадел по 40 чоколади дневно поради што почнале да му паѓаат забите. Одбивал да посетува стоматолог и сам ги вадел со клешти. За да ја намали болката, тој стерилизирал игла и ја вметнувал директно во празнината помеѓу непцата и забот за да го убие нервот.


Поради огромната телесна тежина не можел да се движи ниту да излегува од домот.
По операцијата на врзување на желудникот, Мејсон успеал да изгуби 120 килограми и ја запознал Ребека, која го запросила во 2014 година на американска телевизија.
Во бизарен сплет на околности во 2019 година, парот се развел затоа што се скарале за храна која Пол сакал да ја изеде. Тој ја напуштил Ребека и се преселил кај непозната жена која ја запознал на Фејсбук.
Поради сериозни проблеми со исхраната во ноември 2018 година, Пол завршил на суд во САД поради кражба на намирници во продавници во вредност од 1.000 долари.
По судската постапка, Пол се вратил во Велика Британија и вели дека сега конечно се враќа во нормален живот. За сите ужаси кои го снашле, тој го обвинува 3-годишното сексуално злоставување во детството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.