Потврдувам дека со восхит, со чиста совест и со полна одговорност преземам задача која ми ја доверија граѓаните преку нивните претставници, рече Талат Џафери во првата изјава по изборот за технички премиер.
„Останувам доследен на фактот дека работата на владата ќе биде транспарентна, отчетна, одговорна, пред се пред граѓаните и нивните претставници, во интерес на граѓаните и за напредок на државата“, рече Џафери.
- Претреси во Охрид, едно лице е приведено поради лихварство и изнудаПолициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и- прочитај повеќе
- Австријците избираат нова влада, во најдобра позиција е екстремно десничарската партија блиска до Милорад ДодикВо Австрија денеска ќе се одржат парламентарни избори, а според последните анкети во најдобра- прочитај повеќе
- Тешко повредена 31-годишна скопјанка, откако автомобил излетал од патотВчера во 15.25 часот во Полициската станица Кратово, било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“- прочитај повеќе
- ДУИ: Слугите од Влен нè оддалечуваат од ЕУ и Америка, не приближуваат кон Србија, Кина и РусијаГубитниците на претседателските и парламентарните избори од Влен секојдневно не оддалечуваат од интеграцијата во- прочитај повеќе
- Инфлуенсерката се пофалила дека сопругот и купил приватен остров за да може безгрижно да ужива во бикинитоИнфлуенсерka од Дубаи тврди дека нејзиниот сопруг милионер купил приватен остров за таа безгрижно- прочитај повеќе
Тој додаде дека не можеа а да не го коментира фактот што на заедничката фотографија од новата влада ги нема претставниците на опозицијата.
„Почитувани граѓани, да не ве загрижува сликата која што ќе ја видите без нив. Работата на владата ќе биде суштинска со нив, затоа што и тие, исто како и ние имаат законска обврска да одговорат на обврската што ја преземале од вас преку оние што гласаа „за“ составот на влада, но таа обврска е преземена и од тие што не гласаа, што не беа таму. Таа е слика на која сте навикнати да ја гледате и во работата на Собранието. Пред камери е едно, а кога треба да се работи е друго. Бидете спокојни, јас ќе дадам се од себе заедно со тој тим кој е составен денеска од ваше име, да ги исполни вашите очекувања. Секој кој ќе постапи спротивно, се коси со законот, а во оваа држава има закони и прописи кои треба да се спроведат“, посочи Џафери.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.