Џеј Ло за врската со Бен Афлек: Тој е сѐ што отсекогаш посакував

Таа дел од нејзината среќа припишува на повторното обединување со Афлек. Двајцата беа свршени во 2002 година пред да се разведат во 2004 година.
Двајцата се венчаа со други партнери по раскинувањето и добија деца, пред да ја прекинат следната врска и повторно да се поврзат минатата година.
Ѕвездата од филмот „Marry Me“ е прилично воодушевена од нивното повторно обединување.
„Се чувствувам многу среќна и горда што сум со него“, изјави Лопез за People, додавајќи: „Фактот што добивме втора шанса е убава љубовна приказна“.
Со годините доаѓа и мудроста, смета Лопез и нагласи дека овој пат парот е позаштитнички кон својата врска и приватност, со оглед на тоа што претходно сѐ што правеле се наоѓало на насловните страници на таблоидите.
„Двајцата мислевме: ‘Леле, многу сме среќни и не сакаме ништо од тоа повторно да се појави’, рече таа.
„Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, сме на различни позиции во нашите животи, сега имаме деца и мораме да бидеме многу свесни за овие работи. Заштитнички сме затоа што ова е многу убаво време за сите нас“, објасни актерката.
Лопез рече дека може да ги научи своите деца дека „вистинската љубов постои“, како и дека „некои работи можат да траат вечно, но тоа не значи дека тие се права линија“.
„Гледајќи ја личноста, човечкото суштество, човекот каков што е денес, таткото каков што е денес, партнерот каков што е – тој е сè што отсекогаш знаев дека е и сакав да биде“, рече актерката за својот партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.