10 страшни последници од стресот

Loading...

Познато е дека умерениот стрес може да биде корисен, но ако постојано имате чувство дека сте под голем притисок- премногу работа, вознемиреност или сте исцрпени- може да има многу штетни последици. Еве неколку најопасни начини на кои стресот може да предизвика хаос во телото од ширење на ракот, па се до зголемување на ризикот од срцев удар.
1. Поттикнува ширење на ракот
Експерименти со глувци изведени на Универзитетот Вејк Форест покажале дека стресот може да придонесе клетките на ракот да преживеат и покрај употребата на лекови. Глувците кои биле под стрес поради изложеност на специфичен мирис, послабо реагирале на лековите. Клетките на ракот преживеале “благодарение” на адреналинот кој глувците го лачеле под дејство на стресот.
2. Намалување на мозокот
Научниците на Универзитетот Јеил откриле дека стресните ситуации како што се развод или отпуштање, може да предизвикаат намалување на сивата маса во делови од одговорни за емоции и филолошки функции. Тие предупредуваат дека промените во сивата материја се знаци за идните проблеми со менталното здравје.
3. Предизвикува предвремено стареење на децата
Долгорочната изложеност на насилство во детството може да предизвика предвремено стареење на клетките покажало испитувањето спроведено во Англија и Велс врз 236 деца на возраст од 5 до 10 години. Малите деца кои биле изложени на злоупотреба или насилство или биле очевидци на насилство имале пократни теломери( краеви на хромозомите), што е индикација дека побрзо стареат.
4. Може да влијае на гените на подмадокот
Последици од стресот врз гените може да се пренесува со генерации открива едно истражување спроведено на Универзитетот во Кембриџ. Обично се смета дека одредени карактеристики на гените создадени под влијание на надворешните фактори како стрес исчезнуваат, но најновите истражувања покажаа дека некои карактеристики на гените се задржуваат и во следните генерации.
5. Поттикнува појава на симтоми на депресија
Стресот може да предизвика депресивни однесувања, според една студија од Американскиот национален институт за ментално здравје, спроведена на глувци. Животните кои биле изложени на стрес престанале да пливаат во пластичниот цилиндар и поминало доста долго време пред тие повторно да почнат да јадат.
6. Го зголемува ризикот од хронични заболувања
Освен стресот, на здравјето влијае и начинот на кој човекот реагира на него, заклучок од студијата на Универитетот во Пенсилванија. Се покажа дека лугето кои се изложени на стрес и вознемиреност десет години подоцна често заболуваат од хронични болести како сто се проблеми со срцето и артритис.
7. Го зголемува ризикот од мозочен удар
Луѓето кои постојано се изложени на стрес имаат поголем ризик од мозочен удар отколку нивните врсници кои се порелаксирани, заклучок од истражување на универзитетската болница Сан Карлос во Мадрид. Експертите посочуваат дека тие луѓе се постојано во движење, брзо одат и јадат, страдаат од хроничен недостаток на време, нетрпеливи се итн. и без разлика на полот се изложени на поголем ризик од мозочен удар.
8. Го зголемува ризикот од срцев удар
Бесот и стресот го зголемува ризикот од срцев удар за 27 проценти- ист ефект врз срцето имаат 5 цигари дневно. Универзитетот од Колумбија истакнува дека најважно за здравјето на срцето е луѓето да можат да се чувствуваат добро.
9. Лошо влијае на симптомите на настинка
Ако секогаш имате впечаток дека сте се разболеле затоа што сте биле под стрес, не сте далеку од вистината. Студијата на Универзитетот Карнеги Мелон потврдува дека симптомите на настинка се влошуваат под влијание на стрес. Организмот произведува повеќе од хормонот кортизол под влијание на стрес, кој опасно влијае на воспалените процеси во телото.
10. Може да влијае на исходот на болеста   
Дијагнозата, третманот, па дури и периодот од кога ракот е “победен” е исклучително тежок процес, а истражувањата покажуваат дека методите придонесуваат да се справат со овој стрес позитивно да влијае на исходот од болеста. Експертите од Унивезитетот во Мајами покажаа дека конгнитивно-бихевиоралната терапија има благотворно влијание врз имунилошкиот систем на жени заболени од рак на дојка. Познато е дека умерениот стрес може да биде корисен, но ако постоја

loading...