10 нешта кои мажите не смеат да ги направат на љубовните состаноци

 
Сите сме различни. Не постојат точни и погрешни одговори и постапки кога станува збор за љубовта и љубовните состаноци. Сепак, постојат одредени совети кои е пожелно да ги следите ако сакате да го освоите срцето на посакуваната дама.
  
Не гледајте цело време во телефонот. Тоа е мошне неучтиво, и и дава знак дека не и посветувате внимание. Оставете го телефонот на масата со екранот поклопен према неа. Ако навистина морате да се јавите, учтиво извинете се, и не се задржувајте предолго.

1.Не заборавајте да си го понесете паричникот. Не зборувајте за пари; Да, таа сака да знае дали работите и што, но оставете ги парите (и долговите) вон разговорот.
2.Немојте буквално да се избањате во парфем. Таа сака убаво да мирисате, но не до толку да и прокрварат ноздрите.
3.Немојте да го носите костумот кој го носите на работа, освен ако не одите на опера, па во некој ресторан на вечера. Покажете и дека сте се потрудиле убаво и прикладно да се облечете за вашата средба.

 
4.Немојте премногу да пиете за време на средбата, и не и зборувајте за тоа што се правите кога ќе се опиете. Таа и така за некое време ќе дознае, но не ја плашете пред време.
5.Не бидете груби спрема келнерите. Тоа како ги третирате другите и остава впечаток за тоа како ќе ја третирате неа.

6.Не се загледувајте во други жени. Подобро загледувајте се во дамата со која сте излегле, и давајте и комплименти од време на време.
7.Не давајте комплименти кои сте ги извежбале во главата, туку бидете искрени.

 
8.Никогаш не секнете го носот пред неа. Добрите манири се најважни на љубовните состаноци. Отворете и ја вратата, помогнете и да седне, држете ја лажицата правилно, ако јадете супа не се доближувајте премногу до чинијата, џвакајте ја храната со затворена уста и не зборувајте со полна уста. Може да се набројат уште многу работи, но веќе ви стана јасно за што зборуваме.

9.Внимавајте на разговорот кој го водите. Држете се до темата, и не дозволувајте само еден од вас предолго да зборува. Ако забележите дека таа се оддалечува од темата, потпрашајте ја нешто за да се вратите на темата. И не претерувајте со прашањата.
10.Не доцнете на љубовниот состанок. Пристигнете барем 5 минути пред одреденото време. Кога таа ќе дојде, поздравете ја учтиво, така ќе се опушти, а и вие ќе бидете помалку нервозни.
  
Не гледајте цело време во телефонот. Тоа е мошне неучтиво, и и дава знак дека не и посветувате внимание. Оставете го

Пронајдете не на следниве мрежи: