10 причини зошто во една врска момчето ја игнорира девојката

Се случува во една љубовна врска да дојдат денови кога момчето се однесува постудено и незаинтересирано спрема својата партнерка. Девојки, читајте внимателно, дознајте зошто така се случува и како да го пребродите тоа.Повеќе не му се допаѓаш
Ова е една од најсериозните причини. Може секому да се случи, но најчесто помладите момци знаат брзо да изгубат интерес за девојките. И нормално, нема директно в лице да ти го каже тоа, туку преку некој/а пријател/ка.
Те изневерува
Ова е лесно да се забележи, особено во промената на неговото однесување. Има грижа на совест, па затоа е малку потрапав и невнимателен. Ако забележиш дека е променет, разговарј со него. Како и да се реши тоа, на крајот ќе ти биде полесно.
Не знае што сака
Да, и ова се случува. Неговите емоции и чувства се помешани и наместо да се отвори, тој се затвора во себе. Ако си игра топло-ладно со тебе, морате итно да разговарате за тоа.
Премногу е срамежлив
Тој те игнорира затоа што не знае како да ти пријде, што да ти каже, и умира од страв дека ќе го одбиеш. Во ваков случај треба самата да преземеш иницијатива, малку да го опуштиш за да се чувствува посигурен крај тебе. Во спротивно, прекинете на време, не сте еден за друг.
Не е добар материјал за момче
Овој тип не знае да се однесува добро спрема тебе. Често пати те измева, понижува, па понекогаш е и крајно суров и злобен кон тебе. Тоа е цврст доказ дека не му е гајле за тебе и дека треба што побрзо да се ослободиш од него.

 
Му треба простор, но не знае да каже
Некои момци „ги задушува“ љубовната врска, особено тоа што можеби ти не сакаш тој да излезе со другарите а не со тебе. Многу момци сакаат да се послободни и кога се во врска. АКо премногу зависиш од него и си му постојано „залепена“, дај му малку да дише. Пушти го да излезе со другарите. Ако навистина те сака, нема да направи нешто што би те повредило.
Нешто го повредило или налутило
Не се само жените оние кои се лутат на мажите а не им кажуваат зошто. Понекогаш и момците знаат да молчат и да чекаат вие да откриете зошто ви с елути и да се обидете да го поправите тоа. Разговарај со него, и обиди се да сфатиш што го налутило толку и посвети се тоа да се разреши. Тој многу ќе го цени твојот труд и посветеност.
Планира да раскине со тебе
Можеби размислува да стави крај на врската, но тоа не се одлучува така лесно. Како и да е, го гризе совеста што можеби ќе те повреди со тоа. Се обидува да се дистанцира од тебе за и него помалку да го боли раскинувањето. Ако имаш такво претчувство, разговарај со него, за работите да поминат што побезболно.
Незрел е
Најверојатно си му прва девојка, па не знае како треба да се однесува кон тебе. Се однесува како детенце и секаде те засрамува и понижува. Ако имаш време да го чекаш да порасне, во ред. Во спротивно, прекини ја врската на време оти времето ти е драгоцено.
Тој е хомосексуалец
Иако звучи смешни и филмски, возможно е. Можно е твоето момче да се обидува да ја сокрие сексуалната ориентација, или пак само е многу збунет околу истата. Како и да е, разговарај со него за тоа. Па и да признае дека е геј, не е крај на светот.Повеќе не му се допаѓаш
Ова е една од најсериозните причини. Може секому да се случи, но најчесто помладите момци знаат бр

Пронајдете не на следниве мрежи: