100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ПРИХОДИ ВО МАКЕДОНИЈА

Пари во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, трета година по ред, Ви ја претставува листата 100 Најголеми“ компании по приходи во Македонија за 2021-та година.

Ви напоменуваме дека предмет на рангирањето на 100 НАЈГОЛЕМИ се компаниите –  трговски друштва во приватна сопственост. Ранг листата не вклучува правни лица, банки, осигурителни компании, државни институции, компании во државна сопственост и останати правни лица кои не се регистрирани согласно законот за трговски друштва.

Податоците покажуват дека 100-те најголеми компании по приход, минатата година оствариле вкупен приход од 10,3 милијарди евра. Во 2020 година пак, истите овие компании имале вкупен приход бил 8,16 милијарди евра, што значи дека минатата година имале подобар резултат за 2,14 милијарди евра, или раст за околу 25%. Инфлацијата во 2021 година се уште не беше во размери каква што е сега, така што овие компании имаат и голем реален раст на приходите, не само во номинална вредност. Имено, инфлацијата во 2021 година беше 3,2% во однос на 2020 година.

Од податоците може да се види дека на самиот врв, во првите 10 компании по направен приход се компаниите што се во бизнисот со горива и струја, како и компании од технолошко-индустриските развојни зони, но за нив ќе читате подетално во следните објави.

Овие 100 најприходни компании лани оствариле добивка од 570,6 милиони евра, а во 2020 година имале вкупна добивка од 412 милиони евра. Податоците покажуваат дека 5 од компаниите, иако се во друштвото на најголеми по приходи, прават и сериозни загуби. За една веќе пишувавме. Имено, ЕВН хоум иако лани направила приход од 335,7 милиони евра, годината ја завршила со црвено салдо од 703.000 евра, но сепак тоа е многу помалку од загубата во 2020 година – од речиси 12 милиони евра. Вкупните загуби што ги направиле петте компании се 20 милиони евра, а во 2020 година од сегашната листа на 100 најприходни фирми имало дури 12 кои биле во загуба, а вкупниот износ на загубата бил 58,5 милиони евра.

Минатата година донела и нови вработувања во најголмите компании. Така нивнио вкупен број од 50.338 вработени во 2020 година се зголемил на 52.134 вработени.

ВО ПРИЛОГ ЕКСКЛУЗИВНО НА ПОРТАЛОТ ПАРИ ЦЕЛАТА ЛИСТА НА 100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ПРИХОДИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.