107-годишен дедо ја вози 99-годишната вереница со својот кабриолет!

Џо Њумен (107) е еден од најстарите возачи во САД, а приказната за него неодамна стана вирална на социјалните мрежи.
Жител од Сарасота, во Флорида, го привлекол вниманието откако на интернет се појавила снимка на која го вози својот црвен кабриолет.

Џо Њумен низ американските улици вози повеќе од 90 години и сè уште без проблем ја продолжува возачката дозвола кога тоа е потребно.
„Секако дека сум добар возач“, рекол 107-годишниот Џо за медиумите.
Неговата вереница, која со задоволство ја вози низ Флорида, а која наскоро ќе го прослави 100-от роденден, се согласила со неговата изјава.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.