Девојки еве неколку совети од мажите, кои може да ви помогнат да се сретнете на пола пат.
1. Научете да правите разлика помеѓу – да се биде сериозен и да зборува бесмислици.
Ефективноста на шегите и зборување бесмислени нешта е огормен дел од тоа да се биде машко. Многу често женското знае да ги помеша оние мали забелешки, кои се наменети да бидат безопасни шеги, со сериозни изјави намерно упатени кон лични недостатоци. Оваа дилема најчесто води до караници без никаква поента. Разделете го контекстот од конверзацијата и тонот со кој машките зборуваат. Ако се појави сериозна изјава, треба веднаш да го почувствувате начинот на кој тие ја кажуваат. Не се вознемирувајте, бидејќи тие најчесто се зафркаваат. Во секој случај, зрел маж сепак ја познава разликата помеѓу ситуации во кои е прикладно, или не ова однесување.
2. Престанете да викате
Мажите би ви кажале што било само за да избегнат караница. Колку и да се конфронтирачи по природа, тие не сакаат да се расправаат и не ги интересира многу, бидејќи сметаат дека е минлива работа. Ако ја смените вашата тактика на расправање, тие радо би престанале да ве лажат за тоа каде биле вчера. Не е дека мажите не ги интересираат чувствата на жените, само не би сакале да се справуваат со лошата реакција од страна на жените. Секако, сите знаеме да се изнервираме и да избувнеме и кога нема потреба, но мирниот и цивилизиран начин на разговор е најпаметниот пат до стабилноста и вистината.
3. Нивните пријатели
Нивните пријатели се нивниот центар. Многу често машките се консултираат со своите другари, бидејќи потребно им е нивното мислење. Радо би седеле со нивните најблиски пријатели, отколку да се справуваат со промискуетни жени, така што опуштете се кога сакаат да поседат со нивното машко друштво. Без оглед на тоа како се чувствувате во врска со нивните пријатели, разберете дека на крајот на денот, колективното мислење не ги претставува какви се навистина машките.
4. Не се заинтересирани
Научно е докажано дека жените се човечки битиа водени пред се од емоциите, но мажите пак, од друга страна не се. Работите за кои навистина се грижат се прецизно дефинирани и само неколку нешта на страна од тоа може да ги заинтригираат. Не се вознемирувајте ако се незаинтересирани, не значи дека се идиоти, само сметаат дека има други нешта на кои можат да ја потрошат својата енергија.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: