Македонскиот интернационалец од редовите на словенечки Марибор, Агим Ибраими, е прогласен за најдобар странски фудбалер во Словенија.
Медиумите во Словенија покрај тоа што го избраа за најдобар странец во оваа земја, нашиот интернационалец е избран и за трет општо најдобар фудбалер во Словенија.
Нашиот интернационалец во овој избор освои 72 гласа, а пред него во поглед на гласовите се Горан Цвијановиќ (81 глас) и Алеш Мејаш (73 гласови), и двајцата соиграчи на Ибраими во Марибор.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: