12 начини да се засакате себеси веднаш – Лујза Хеј

Loading...

Најпознатиот Life Coach на планетата, големата Лујза Хеј тврди дека постои само една работа која го лечи секој ваш проблем, а тоа е љубовта кон себеси. Со своите техники на исцелување и позитивната психологија има помогнато на многу луѓе ширум Светот, кои со читање на нејзините книги успеале да се ослободат од стравот, стресот и други негативности во нивните животи. Оваа храбра американка е пионир на движењето за самопомош. Имала тешко детство, во нејзините адолесцентни години доживеала напуштање од нејзините родители, злоставување, инцест, а најголемиот пресврт во нејзиниот живот е излекувањето од ракот како најтешка болест. Наместо лечење таа се одлучила за афирмации, визуализации, прочистување на начинот на исхрана и психотерапија. Поради сето тоа, успеала да оздрави за шест месеци.
-Да се сакаш себеси е прекрасна авантура. Тоа е исто како кога учите да летате. Замислете како би изгледало доколку сакаме да летаме каде ќе посакаме, колку би било тоа возбудливо!
Да почнеме да се сакаме себеси – веднаш!
Лујза Хеј им дава 12 совети за сите оние кои не се доволно силни и кои немаат висок степен на самдоверба да можат да тргнат многу полесно кон лични промени во нивните животи.

1. Престанете со сите критики
Критиката никогаш нема да смени ништо. Одбивајте ги критиките. Прифатите се себеси баш онакви какви што сте. Сите се менуваме. Кога ќе се критикувате себеси, вашите промени се негативни. Кога ќе се охрабрите себеси тогаш ќе станете подобри.

2. Простете си на себеси
Оставете го минатото да оди по својот пат. Сте направиле како најдобро сте знаеле и умееле во тоа време со вашите разум и свест и секако знаење кое сте го имале тогаш. Сега сте пораснале духовно и ќе го живеете животот сосема поинаку.

3. Не се плашете
Престанете да се тероризирате себеси во вашите мисли. Тоа е многу лош начин на животот. Најдете си ментална слика која ќе ви овозможи задоволство и изменете ја негативната мисла во позитивни мисли.

4. Бидете љубезни, нежни и трпеливи
Бидете нежни кон себеси. Бидете љубезни кон себеси. Бидете трпеливи со себеси, научите нови начини на размислување.

5. Бидете љубезни кон својот ум
Кога се мразите себеси, тогаш всушност ги мразите само своите мисли. Немојте да го имате тоа чувство кон себе. Нежно изменете ги вашите мисли.

6. Пофалете се себеси
Критиката го разбива внатрешниот дух. Фалете се себеси колку најмногу можете. Кажете на себеси дека премногу добро ја работите секоја работа.

7. Поддржете се себеси
Најдете начин да се поддржите. Дозволете им на пријателите да ви помогнат околу тоа.

8. Сакајте го и она кое лошо сте го направиле
Некогаш сте правеле некои нешта како би ги задоволиле своите потреби. Сега наидовте на нови потреби, нови начини за да ги исполните тие потреби. Со љубов отпуштете ги сите стари негативни нешта.

9. Водете сметка за вашето тело
Дознајте многу повеќе околу исхраната. Какво гориво ви е потребно за да имате оптимална енергија и виталност? Дознајте повеќе за вежбите, какви вежби вам ви одговараат? Негувајте го и почитувајте го храмот во кој живеете.

10. Погледнете се во огледало
Често гледајте се во очи, гледајте се себеси во огледало. Простете си. Најмалку еднаш неделно кажете си на себеси: Те сакам, навистина те сакам!

11. Сакајте се себеси – направете го тоа веднаш
Не чекајте да оздравете, да изгубите од вашата телесна тежина, да најдете нова работа или пак нов партнер. Почнете сега и тоа најмногу што можете.

12. Забавувајте се
Сетете се на работи кои ве радувале кога сте биле дете. Вратете ги сега во вашиот живот. Најдете начин да се забавувате во се што и да правите. Смејте се, радувајте се, а Универзумот ќе се радува за вас.

loading...