Болнички апартман за секс

Една болница во кинеската провинција Хубеи опремила специјален апартман за секс, односно, целта им е да им овозможат на паровите кои што се под стрес да зачнат потомство.

„Поради брзиот начин на живот луѓето се под стрес и немаат време за себе, па така настануваат и проблеми околу основање семејство. Се ова има за цел да ги разгори страстотите помеѓу партнерите и така да ги поттикне, ако не на основање, барем на размислување за основање семејство“, вели претставникот на болницата Венг Шендонг.

Собата која потсетува на сцени од бордели има огромен округол кревет, црвени завеси, а тука се и бројните сексуални помагала, па и порнографија.

Оваа услуга нормално дека не е безплатна, така што една ноќ во овој апартман чини 140 долари, а на располагање добивате и стручна помош од болницата.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: