13 навики за кои погрешно мислите дека се безбедни

Loading...

Секој знае дека легнувањето доцна и јадењето премногу храна не се здрави навики. Но понекогаш и наједноставните навики можат да претставуваат опасност за вашето здравје. Знаевте ли дека можете да завршите во болница ако се воздржувате кога ви се кива? Погледнете ги навиките кои сепак не се толку безбедни како што изгледаат.
1. Воздржување кога ви се кива


Што страда: Респираторниот систем, крвните садови и мозокот, а во најлош случај и хранопроводникот.
Главната функција на кивањето е ослободување од бактерии, вируси и честички прашина. Кога се воздржувате, не му дозволувате на телото да се ослободи од овие нешта. Но тоа не е сè. Замислете што би се случило ако стрелате од пиштол и ја затворите цевката. Истото се случува и во вашиот нос – целата моќ од кивањето се враќа назад и може да го повреди вашиот слух, да го зголеми крвниот притисок, па дури и да ви го оштети хранопроводот.
2. Користење чепкалки за заби


Што страда: Непцето.
Заболекарите не ги сакаат чепкалките. Иако можеби се безбедни за емајлот, чепкалките можат да му направат голема штета на вашето непце. Исто така речиси е невозможно да ја исчистите усната празнина со чепкалка. Најдобро е да користите конец за чистење заби.
3. Спиење со лицето на перницата


Што страда: Дишењето, циркулацијата на крвта, ‘рбетниот столб и кожата на лицето.
Иако е удобно, не е препорачливо да спиете со лицето на перницата. Во оваа положба се отежнува дишењето, вратот е во неприродна положба, се влошува циркулацијата на крвта, а пршлените на вратот се во опасност. Покрај тоа, можат да ви се појават и брчки.
4. Јадење сончоглед со лушпа


Што страда: Забите и мочниот меур.
Семките од сончоглед се вкусни и корисни. Но треба да купувате лупен сончоглед, или да ја отстранувате лушпата со рацете, никако со забите. Заболекарите секогаш можат да ги препознаат луѓето кои јадат сончоглед поради оштетувањето на забите. Луѓето кои имаат проблеми со мочниот меур воопшто не треба да ги консумираат. Покрај тоа, во 100 грама сончоглед има над 500 калории.
5. Џвакање нешто тврдо


Што страда: Забите, непцето и устата.
Луѓето кои сакаат да гризат пенкала, моливи и слични тврди предмети обично имаат сериозни проблеми со емајлот. Поради ова не треба да отворате шишиња, да џвакате јаткасти плодови, коцки мраз и лижавчиња. Покрај тоа, постои и опасност од инфекција.
6. Воздржување кога ви се оди во тоалет


13 навики за кои погрешно мислите дека се безбедни
Што страда: Бубрезите, уринарниот систем и цревата.
Кога се воздржувате во овие ситуации, можете да ги повредите вашите мускули. Овие повреди можат да предизвикаат инфекции на уринарниот тракт и констипација.

loading...