14 март 2001 – ден кога почна војната во Тетово

Loading...

На годишнината од почетокот на војната и нападот врз Тетово и Македонија, на кои денеска никој не се сети, ние решивме да пренесеме еден статус кој сметаме дека кажува се! Статусот е објавен пред две години но е актуелен секоја наредна година…

Денес е 14 март.
На тој ден во 2001 започна конфликтот во #Тетово околу 11:00 часот со престрелки од Тетовското Кале додека на плоштадот во истовреме одеше митинг. И мислим дека је најцрниот ден у поновата тетовска историја.
Прво јавија дека е ‘мала престрелка‘ со група од 5-6, па се претвори во гранатирање, странски известувачи, полициски часови, егзодус во Скопје, воени хермелини, куршуми у соба, чување ноќни стражи, киднапирања, жртви… дезинформације: влегле на плоштад, га загадиле водата, влагаа по куќе… А кј и да идеш мораш да ѕиркаш накај Кале или да се криеш негде од кј што Кале нема да те види тебе.

Тетово 17-та година се труди да застане на нога заради таја 2001, и уште неможе да ја избрише флеката на град со конфликти, несугурен за живот, страшен, војни…

Свите го викаја ‘конфликт’ ама по туѓи плеќи 100 стапа небоља. За Тетовчани беше – Војна… Тија што не ги уби војната ги убија ракови и тумори од таја стресна 2001.
Со мојот град некој изигра страшен мајтап и некому беше заморче.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...