16 начини да внесете 500 калoрии помалку при секој оброк

Loading...

Со овие едноставни совети, без да се оптоварувате и да имате грижа на совест за секој залак, ќе изгубите вишок килограми без напор!
1. Направете сендвич на салата – Две парчиња леб со малку мајонез се приближно 550 калории. Наместо леб, ставете салама и кашкавал на два листа салата.
2. Внимателно со кафето – Големо кафе со млеко без шеќер содржи околу 220 калории, додека чаша обично кафе брои само 2 калории.
3. Џвакајте полека – Ако џвакате полека, побргу ќе бидете сити и така ќе изедете помалку храна. Научниците тврдат дека на овој начин можете дневно да внесувате и до 500 калории помалку.
4. Газирани пијалаци – Кога сте жедни, исцедете лимон во вода наместо сок за да ја изгаснете жедта и да го спречите внесот на непотребни калории.
5. Оброците подгответе ги дома – Истражувањата покажале дека луѓето што ги подготвуваат своите оброци дома трошат околу 140 калории помалку. Подгответе ручек и појадок во вашата кујна и сигурно ќе внесете 500 калории помалку од вообичаено.
6. Избегнувајте да седите – Лекарите од клиниката „Мејо“ заклучиле дека луѓето што стануваат често од столот во текот на денот, трошат околу 350 калории помалку од оние што седат постојано.
7. Замолете го келнерот да спакува половина од вашата порција пред да го донесе јадењето на масата – Истражувањата откриле дека рестораните што служат италијанска или кинеска храна содржат околу 1.500 калории, што е сигурно премногу за еден оброк.
8. Ставајте ја виљушката на масата во текот на оброкот – Ако јадете бавно и со кратки паузи, може да внесете во организмот и до 300 калории помалку.


9. Добро наспијте се – Лекарите докажале дека така ќе „изгубите“ 300 калории, а сите знаеме дека недостигот на сон го забавува метаболизмот, но и ја поттикнува желбата за слатко.
10. Не топете го лебот во маслиновото масло – Само неколку такви залчиња може да значат 500 нови калории во вашиот организам.
11. Јадете пред огледало – Студијата покажала дека оние што јадат пред огледало избираат поздрави состојки и внесуваат околу 400 калории помалку по оброк.
12. Големо НЕ за чипсовите и за сосовите – Не мора премногу да објаснуваме колку се штетни за здравјето, но можеби не сте знаеле дека грст чипс значи внес на 650 калории.
13. Јадете печурки наместо месо – Ако го замените месото со печурки, секојпат ќе внесувате 444 помалку калории.
14. Јадете овошје пред секој оброк – Ако изедете парче овошје 15 минути пред оброкот, заштедувате 200 калории, а ако го направите тоа трипати на ден, ќе потрошите 600 калории помалку.
15. Џвакајте гума за џвакање – Истражувањата покажуваат дека луѓето што наутро џвакаат гума за џвакање, за ручек внесуваат 67 калории помалку, а ако испиете дополнително неколку чаши вода, внесувате и до 200 калории помалку при оброкот.
16. За појадок јадете јајца – За појадок јадете две варени јајца во комбинација со свежа салата и парче интегрален леб. Ваквиот појадок што содржи добри и квалитетни протеини е доволен и нема да дозволи во текот на денот да ве „нападне“ глад и неконтролирано да јадете. Ручекот почнете го со нискокалорична супа и така ќе изедете околу 150 калории помалку.

loading...