2020 една од трите најтопли години

Loading...

Глобалното затоплување продолжи и во 2020 година, а според Светската метеоролошка организација, оваа година е една од трите најтопли, по 2016 и 2019 година.
Во исто време, од 1850 година, кога започна регистрирањето на температурите, најтоплите шест години се од 2015 година. И декадата од 2011 до 2020 година е најтопла во историјата.
Затоплувањето беше највидливо на Арктикот, каде температурите во Сибир беа во просек пет степени повисоки од вообичаеното, а највисоките од 38 степени беа забележани на 20 јуни. Тоа е исто така највисока температура измерена насекаде северно од Арктичкиот круг.
Периодот од јануари до октомври беше исклучително топол и во Европа, пренесува BBC.
Глобалното затоплување продолжува да предизвикува затоплување во многу делови на светот, вклучувајќи го и Гренланд, каде оваа година исчезнаа 152 милијарди тони мраз.
Исто така, во 2020 година беа забележани рекордни 30 бури за време на сезоната на урагани во Северен Атлантик.

loading...