24-ГОДИШНАТА ТЕТОВКА Е НАЈБРЗИОТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОВИД-19 КАЈ МЛАД ПАЦИЕНТ, ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА И ВО МАНУ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА СТЕВАНОВИЌ

Loading...

Најмладата пациентка која починала од ковид-19 во нашите болници досега, 24-годишната тетовка, ја остави Инфективната клиника во Скопје во шок, како може вирусот кај толку млад човек да развие за толку кратко време таква тешка клиничка слика и фатален крај. Директорката на клиниката д-р Милена Стевановиќ, а девојката немала претходни хронични заболувања, но откако ќе поминат овие први денови на жалост во семејството на младата тетовка, Клиниката ќе го контактира за да се одгатне оваа дилема.
Секако, за овој случај ќе биде консултиран и тимот во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) со кого соработува Инфективната клиника на истражувањата во врска со коронавирусот.


Девојката првин 4 дена била лекувана дома, со инфузии кои ѝ ги препишал матичниот лекар. Нема направено пропуст, нејзиното лекување е по протокол, почнувајќи од реакцијата на матичниот лекар.
„Поради влошување на состојбата, младата пациентка е тестирана во Клиничкиот центар во Тетово. Веднаш е хоспитализирана, утврден е позитивен тест на ковид-19. Се утврдило дека покачената температура, малаксаност, кашлица и отежнато дишење е поради зараза со ковид-19. Пациентката останува таму една недела, ситуацијата не се подобрува, ја земаме ние овде, на Инфективната клиника“, кажува д-р Стевановиќ.
На Инфективна клиника дошла оти ѝ се влошило здравјето и отежнато дишела, со ниско ниво на кислород во крвта (сатурација). Таму ѝ било подобро, но последните денови пред смртта се појавиле срцеви проблеми и ја лекувале инфектолози и кардиолози. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Не била ставена на респиратор.
Д-р Стевановиќ, вели дека кај болната ситуацијата нагло се влошила.
„Имавме благо подобрување во лекувањето, но брзо потоа попушти срцето и се појави пулмонална тромбоемболија. Ја лекуваше и кардиологот кој е кај нас, ѝ даде соодветна терапија, но таа не успеа да се избори. Зошто оваа млада жена разви така тешка слика немам одговор, ни човечки ни лекарски. Немаше покачена телесна тежина“, вели д-р Стевановиќ.

loading...