24-годишна доминантна горила наоѓа мало суштество во шума, реакција е бесценета

Loading...

„Ape Action Africa“ е непрофитна организација посветена на зачувување на загрозените горили, шимпанза и мајмуни. Таа била основана во 1996 година и од тогаш, животните во нивната грижа постојано наоѓаат начини да ги изненадат своите искусни негуватели.
Неодамна, горилата Бобо, која била спасена од организацијата на самиот почеток, уште во 1996 година, си нашол нов пријател што ги изненадил сите околу него. Оваа врска е можеби најнеобичната што некогаш сте ја виделе.


„За време на утринските проверки, еден од нашите негуватели откри дека Бобо гушка младо, диво бебе од видот галаго. Ова минијатурно суштество не покажуваше никаков страв од Бобо и се движеше по неговото тело, како и околу него, постојано враќајќи се во неговите прегратки.“
Бобо е доминантниот мажјак на неговата група, што вклучува 3 женки и 3 мажјаци. Помладите мажјаци, Кибу и Нкамум веќе го предизвикале Бобо за неговата позиција, но досега биле неуспешни и веќе не се ни обидуваат да преземат контрола. Досега се мислело дека Бобо е алфа мажјак до срж, но изгледа дека џинот има и нежна страна.


„Овие мали животни се ноќни, па многу е ретко да се види едно од нив во текот на денот. Исто така никогаш не сме сведочеле ни на интеракција со нив и спасените животни во засолништето.“
Дури и дружината на Бобо е заинтересирана за тоа што се случува, па тие љубопитно кружеле околу него, надевајќи се дека тој ќе ја сподели својата занимација и со нив. Но, Бобо си го задржа животното само за себе и тие поминаа заедно скоро 2 часа пред да се разделат.
Изгледа дека може да се најде поврзаност помеѓу сите видови живи суштества, без разлика колку тие се различни едни од други…

loading...