27-годишен работник почина по тешка повреда на градилиште во Центар

Дваесет и седумгодишен работник почина по тешка повреда при извршување на градежни работи на објект во изградба во центарот на Скопје.

Како што соопшти МВР, се работи за Л.Ш.(27) од с.Ѓермо, тетовско.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.30 часот починал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, известен бил трудов инспектор, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: