За градење сексуална самодоверба потребно е искуство.Во зајакнувањето на истото ќе ви помогнат овие чекори кои ќе направат да се чувствувате целосно задоволни.Бидете кралица на личното задоволствоПознато е дека жените кои почесто мастурбираат се посигурни во сексот, па затоа наоѓаат поголемо задоволство во него бидејќи знаат како да достигнат кулминација .– Доколку сè уште не сте го направиле тоа, дефинитивно одвојте време да ги откриете сопствените ерогени зони, како и интензитетот на допир кој најмногу ви одговара – вели сексологот Емили Морс.Научете да го гледате вашето тело како сексиЉубовта кон сопственото тело, како и доживувањето на себеси како сексуално суштество е важна за сексуалната самодоверба. За да се постигне оваа цел, важно е да вежбате. Изберете свилена долна облека, тесен фустан, штикли или некој друг додаток кој ве прави пожелни, прошетајте пред огледалото и навикнете се на оваа идеја.Кажете ги овие три магични зборовиНикој не може да ви ги чита мислите, па ако сакате нешто, мора да го побарате. Ова правило е особено важно во случај на секс. Ако вашиот партнер прави нешто за време на сексот што не ви се допаѓа, најдобро е да му кажете. – Уживајте во моментот и не заборавајте да ги кажете овие три моќни зборови: „Ајде да пробаме вака“ – заклучува сексологот.
Пронајдете не на следниве мрежи: